Веќе 100 дена носи ист фустан и нема намера да го менува: Има одлична причина за тоа

Добивај вести на Viber

Таа се одлучи на овој потег на 16 септември 2020 година и како што вели нема да се откаже до септември оваа година.

Калуѓерката и мајка на три деца Сара Робинс-Кол (52) од Америка се впушти во необичен предизвик - носејќи иста облека 100 дена по ред, во обид да живее без таканаречената брза мода, што е втор по големина загадувач на светот.

Имено, таа купила црн фустан изработен од мерино волна и од есента минатата година го носела насекаде - на работа, дома, за време на прошетки, планинарење, па дури и за време на новогодишните и божиќните празници, пишува Мирор.



Таа открива дека толку многу уживала да го носи истиот фустан што донела одлука да си постави нов предизвик за 2021 година.

„На мое изненадување, носењето ист фустан 100 дена по ред не ми одзеде ништо од животот. Наместо тоа, ме инспирираше да одам чекор подалеку и да не купувам нова облека или додатоци помеѓу 1 септември 2021 година и 1 септември 2022 година “, вели таа и додава:

„Сфатив дека на моја возраст имам облека за секоја пригода, и ако ми треба елегантен фустан, ќе го земам оној што ми собира прашина во плакарот од 1992 година“, објасни 52-годишната Сара.

Нови навики за спасување на планетата

Сара е една од 250 жени кои прифатија 100-дневен предизвик, кој започна од дизајнерска куќа. Предизвикот беше лансиран да покаже дека носењето само едно парче облека ги менува навиките на потрошувачите од ден на ден, го намалува перењето на алиштата и ја спасува нашата планета.

„Кога првпат го видов предизвикот на социјалните мрежи, помислив:„ Зошто да не? “, вели таа.

На жените кои го прифатија предизвикот им е „дозволено“ да го перат и сушат фустанот преку ноќ, но доколку се будни, се очекува да го носат. Сите оние кои веќе го завршија предизвикот добија ваучер од 100 долари за нова облека.

Сара ги објави сите 100 различни комбинации со фустанот на својот Инстаграм.


„Претходно имав впечаток дека сите постојано ме гледаат и забележуваат што носам. „Сега знам дека не е така“, открива таа.

извор: stil.kurir.rs