Веќе го очекуваат седмото дете, а неодамна светот беше шокиран од нив: Како Болдвин и Хиларија станаа родители на две деца за пет месеци

Светот го обиколи веста дека актерот Алек Болдвин ќе стане повторно татко. Неговата сопруга Хиларија е повторно во блажена состојба.

Актерот и неговата сопруга Хиларија Болдвин имаат осум деца, додека тој во бракот со колешката Ким Бесинџер ја доби ќерката Ајрланд.

Точно шест месеци по страшната трагедија, кога Алек Болдвин ја уби Халина Хачинс на снимањето на филмот Rust, дозна дека ќе се врати во улога на татко.

Како Болдвин и Хиларија станаа родители на две деца за пет месеци?

Неодамна американскиот актер Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија го шокираа светот, откако објавија фотографија на која ја информираа јавноста дека станале родители на нивната ќерка Лусија. Зошто точно оваа вест ги шокираше нивните обожаватели?

Имено, Алекс и неговата сопруга станаа родители на момчето Едуард пред само пет месеци, поточно во септември 2020 година, а сега на никому не му е јасно како е можно убавата Хиларај да се породи за толку краток временски период .

Таа објави нова фотографија на која позира со своето 6-то бебе, но и другите деца  ги објави на Инстаграм.

„Седум“, пишува Хиларија во описот на објавата, на која додала емотикон за срце.

„Како две деца за 5 месеци?!“, „Две раѓања од септември до сега? Што е со вас луѓе? Објаснете ни што се случува“,„ Во шок сум “, се само некои од многуте коментари под објавата.

Сè уште не е познато како парот ја доби својата ќерка. Односно дали Хиларија ја родила или на свет ја донела сурогат мајка. Постои опција двојката да го посвоила бебето, бидејќи долго време сакале девојче, а можеби само го лажирале датумот на раѓање на нивниот претходен син Едуард, кој е роден во септември 2020 година, сето тоа се само јавни претпоставки.

„Нема да се трудам, не, завршив со обидите. Или ќе остане вака или мојата сопруга повторно ќе се омажи, за тип што произведува девојки“, се пошегувал Алек во една емисија.