Весна Бејби: Игор Џамбазов ми го избрка дечкото

Најдобриот другар на Весна Бејби Петрушевска, Игор Џамбазов има заштитнички однос со својата колешка и другарка и се случува да ѝ ги избрка дечковците, раскажа актерката на нејзиниот стендап настап, завчера во Скопје во „Станица карпош“. 

-Јас и другарка ми Вики му станавме „групи“ на Игор. Имам 52 години, и како тинејџерка сум му уште најверна обожавателка, во први редови сме. Бевме на неговиот настап на „Виноскоп“, отидов таму и му викам: „Имам симпатија. Дојде Илина, а тој ѝ го претставува човекот до мене: Ова е шоферот на Весна. Јас му велам, каков бе шофер? И од тогаш човекот не ми се јави“, раскажа Петрушевска. На свој оригинален начин, таа за својата најдобра пријателка и продуцентка, рече дека го преживеала ракот, но не е сигурна дали неа ќе може да ја преживее.  

Раскажа и за поранешниот сопруг, и за времето кога оделе на одмор кога децата им биле мали. 

-Тој чита, тој многу сака да читаа. Еееј мајката, па и јас знам што е читање книги. Одам јас, со базенчиња за две деца, со 66 топчиња, половина сини, половина розови, со кофички, со по две троби, една за ирачки, една за пресоблекување. Па, полниш базенче со морска вода, а тој чита, рече Весна низ насмевка, а публиката уживаше во нејзиниот настап. 

Весна раскажа и дека Игор прв се појавил на лице место кога автомобилот ѝ паднал во Вардар, но и дека најдобро ја утешил кога починал татко ѝ. Во ист период, и Весна го загуби татко си Кирил, и Игор, маестро Александар Џамбазов. 

-Среќа што ја најдовме снаата Илина, фала Богу што се појави, инаку јас ќе го јадев, рече Весна за Илина Арсова. Таа раскажа дека на уште еден настап на Игор, таа запознала маж, но поради погледите на Игор и на фамилијта „параспури“ со која се дружи, не завршила ни со него. 


М.Џаровска 

Фото: В.Тануровски