Весна де Винча облече бикини после 32 дена гладување и сними туторијал како да летувате со многу малку пари

Добивај вести на Viber

Весна де Винчa (Весна Југовиќ), сопственичката на српската модната агенција „Мис Ју“ и препознатлива јавна личност во соседна Србија, неодамна се најде во центарот на вниманието на јавноста благодарение на контроверзниот метод на детоксикација и исхрана што го практикува со недели.

Имено, оваа 64-годишна жена со денови гладува, а единственото нешто што во текот на денот на нејзиното мени не е течно се 10 до 15 цреши со семки. И додека публиката на нејзиниот Инстаграм дебатира дали Весна е преригорозна во напорите да го исчисти телото, оваа дама ужива на одморот во Грција.

View this post on Instagram

A post shared by Vesna de Vinca, Ph.D (@vesnadevinca)



Инспирирана од уживањето на прекрасните грчки плажи, таа реши да сними кратко видео за „како да се одморите со многу малку пари“.

Судејќи по нејзиното видео, Весна е стационирана во Ситонија, едно од омилените одморалишта на многумина наши во Грција, а таа тврди дека тука е можно да се помине „светски, робинсонски“ одмор со симболична фигура на пари.

View this post on Instagram

A post shared by Vesna de Vinca, Ph.D (@vesnadevinca)



„Значи, доаѓате во Ситонија, земате соба или стан со бања, зависи од тоа колку од вас одат. Излегувате од тој стан во 8 часот наутро, се враќате во 9 навечер мртви уморни, и околу 10, 11 навечер сте спремни за спиење.

Во меѓувреме, посетувате десетици неверојатни заливи, плажи, шуми. Тоа е таква убавина, тоа е такво богатство, за здравје, за оние кои знаат да гледаат убавина. Така цел ден носиш вода, сендвичи, сокови, овошје, ништо повеќе... Навечер кога ќе се вратиш, некоја супичка со децата.

А тоа значи дека уживате, уживате, уживате и се менувате, истражувате, фотографирате, се обидувате да ја пронајдете таа прекрасна искра на убавина во сè. Човек кој се враќа на природата - се лекува себеси“, изјави Весна.

Доколку имате авантуристички дух и уживате во пливање, зајдисонца, опуштени одмори и лежење на песок, а не ви е гајле за излегување, вечери или претерана удобност, мора да признаеме дека советот на Весна е реален.

Инаку, таа сподели и серија фотографии од овој одмор, нагласувајќи дека успеала да одолее на предизвиците во Грција и покрај тоа што на секој чекор била опкружена со храна и пијалок, продолжила да го спроведува својот режим на постот - токму 32 дена по ред.


Фото: Инстаграм

Според принципот на Далај Лама, главна цел ми е редовна столица: Весна де Винча гладува веќе 8 дена - повторно почна да го „чисти организмот“


Весна Де Винча гладува 28 до 42 дена во годината, веќе 30 години: Тогаш го пијам само ова и затоа немам здравствени проблеми