(ВИДЕО) Џорџ Клуни призна: Со Амал направивме грешка – на децата им дадовме „оружје“

Џорџ Клуни се пошегува дека тој и неговата сопруга Амал направиле „глупава“ грешка во воспитувањето на нивните тригодишни близнаци Александар и Еле ...

За време на гостувањето во емисијата „Џими Кимел во живо!“ Клуни откри дека нивните деца, и покрај нивната возраст, многу добро знаат италијански јазик. Тој и Амал не знаат.

- Направивме глупава грешка што дозволивме да зборуваат италијански. Под тоа мислам дека тие зборуваат течно на тригодишна возраст. Јас не зборувам италијански јазик, сопругата не зборува италијански, па им дадовме оружје - рече тој.


Тој додаде дека поради тоа, тие имаат проблеми со задачи како што е чистење на просторијата.

- Им кажувам да одат да ја исчистат просторијата,а тие ми одговорија: 'Ех, папа странзо' - рече тој и се пошегува дека е од Кентаки, па англискиот му е втор јазик.

Откри и дека неговиот живот се променил за време на пандемијата, па затоа морал сам да ги извршува домашните работи, како што се перење облека, подови и садови.

На прашањето на Кимел дали е успешен на тие работни места, тој одговори:

- Веројатно не, но барем бев зафатен некое време. И не влегов во просторијата каде што децата зборуваат италијански.


Фото и Видео: Инстаграм/ george_clooney_page

Можеби ќе ве интересира:

Дали оваа одлука ќе им пресуди? Амал му постави ултиматум на Џорџ Клуни