(ВИДЕО) Ќелав и непрепознатлив: Дaли е ова Драган Маца Маринковиќ?!

Реши да го промени изгледот!

Српскиот водител и актер Драган Маца Маринковиќ отиде на трансплантација на коса, а за тоа ги извести своите следбеници на Инстаграм.

Имено, Маца објави серија фотографии на кои е целосно ќелав, а на главата му се исцртани местата каде треба да се изврши интервенцијата.


На една од фотографиите се гледа како ја држи косата, а описот е духовит:

- За некои работи „никогаш не е доцна“. За овие „никогаш не е рано“ – напиша тој.


Инаку, Маца неодамна откри дека планирал да посвои девојче од Црна Гора.

- Точно е, но тоа беше пред пет, шест години и пред да бидам со мојата Јована. Разговарав со моите синови и сакавме да посвоиме девојче. Во Белград долго се чека, процесот е исклучително бавен и детален, ме информираа дека над 10.000 луѓе чекаат посвојување и ми беше жал што некому му ја одземам можноста да има дете, бидејќи имам, фала Богу, две . После тоа отидов во Црна Гора, во Домот за деца без родители во Бијела. Се обидов двапати, но тоа беше причината да се откажам. Дури и без проблем сакав да земам дете кое има дијагноза на хепатитис Ц, но секако не го дозволуваат тоа додека бебето не се излечи. Тие се многу професионални и сериозни. Таков сум, обожавам деца и ништо не ми е туѓо, реков: „Па јас којзнае каква болест имам, прележувам сè на нозе“ – изјави Маца за „Пинк.рс“.


Од претходните бракови има два сина, а и со сегашната сопруга Јована би сакал да има наследници.

- Природно е луѓето без деца да имаат приоритет, а сепак јас сум остварен како родител. Веќе неколку години сум во среќен брак со Јована и се надевам дека наскоро ќе го прошириме семејството, бидејќи обожаваме деца и подготвен сум повторно да менувам пелени - заклучи Маринковиќ.

Извор: www.espreso.co.rs