(ВИДЕО) Ќерката на Есма со ново уметничко име, по стапките на мајка си
Балканската публика допрва ќе слушне за нашата Малиша од Скопје.
Таа сними песна на српски јазик и потпиша договор за соработка со продкцуската куќа "IDJTUNES" (АЈДИЏЕЈ).
Песната носи наслов "Теби се предајем" која е во денс и модерен ритам.
- Долго време чекав на овој проект, но на крајот се исплатеше, со мојот тим на соработници направивме одличен пакет кој верувам дека ќе и се допадне на публиката. Презадоволна сум од соработката со "IDJTUNES", а исто така презадоволн сум и од видеоспотот кој го снимивме во соседна Бугарија - вели Малиша.
Инаку Малиша е нејзино уметничко име, за тие што можеби не ја познаа, Малиша е Елеонора, ќерката и ученичка на покојната кралица на ромската музика - Есма Реџепова.
Ова е нејзината прва песна и видеоспот.