(Видео) Вака изгледа „играта“ на фрлање деца низ прозорец во Аеродром

На Фејсбук страницата на „Види Вака“ се појави видео на кое јасно се покажува како изгледа „играта“ на фрлање деца низ прозорец во училиште во скопски Аеродром. Поради оваа игра настрада девојче, а родителите го пријавија случајот во полиција.

Се крена на нозе целата македонска јавност со коментари, а вчера од училиштето тврдеа дека се работи за неумесна игра и дека не станува збор за врсничко насилство.

Професорката Секирарска изјави дека девојчето кое е фрлено низ прозорец е тажната слика во која се наоѓа образованието

Според коментари на социјалните мрежи, слични „игри“ има во повеќе други училишта, а „Види Вака“ го објави ова видео со заматени ликови на децата за да ги предупреди родителите и вработените во училиштата.