, ,

Викторија Бекам 25 години јаде едно исто јадење секој ден: Ѝ помага во одржувањето на линијата, но е и опасно...

Добивај вести на Viber

Прославениот фудбалер Дејвид Бекам ги откри навиките на својата сопруга.

Иако секојдневно слушаме совети дека исхраната треба да биде разновидна, Викторија Бекам (47) очигледно не ги прифаќа тие совети, па модната дизајнерка и сопруга на Дејвид Бекам јаде иста храна веќе 25 години.

Ова го откри познат фудбалер кој се пошегува на сметка на својата сопруга.

- За жал, оженет сум со некој кој јаде иста храна секој ден. Ова трае веќе 25 години. Од кога ја запознав, јаде само риба на скара и зеленчук на пареа. Таа ретко отстапува од тоа, изјави Бекам за подкастот River Cafe Table 4, додавајќи дека самиот ужива во разновидна исхрана и различно комбинирана храна.

- Единствениот пат кога Викторија сакаше да проба нешто што јас јадев беше кога беше бремена со Харпер. Беше магично, беше сосема посебна вечер бидејќи таа никогаш не го прави тоа - вели Дејвид Бекам.

Поранешна членка на групата Spice Girls неодамна откри дека не јаде храна зготвена во масло, путер, сосови.. Таа не јаде црвено месо, ниту млечни производи.

- За повеќето ресторани јас сум најлошиот кошмар. Сакам малку зеленчук на пареа, малку оцет балсамико и прстофат зачини. Сакам храната да се подготвува на едноставен начин – изјавила таа.

Добра навика или не?

Истражувањата и нутриционистите велат дека јадењето иста храна секој ден може да ви помогне да изгубите тежина. Имено, кога јадете иста храна секој ден, имате подобра контрола врз она што го внесувате во организмот и така можете да избегнете нагли скокови на шеќерот и мастите во крвта. А тоа може да доведе до намален внес на калории и губење на тежината.

Од друга страна, според некои истражувања, ваквата монотона исхрана само риба и зеленчук може да биде штетна за Викторија, наводно лекарите ја предупредиле дека има премногу жива во телото. Премногу високо ниво на жива во телото инаку може да доведе до губење на меморијата, депресија, раздразливост и потешки симптоми кои вклучуваат слепило, треперење и проблеми со бубрезите.

извор:stil.kurir/zena.blic
фото:instagram