Внуката на кралицата Елизабета II се венчала во тајност

Принцезата се откажа од својот сон да има свадба како од бајка како и другите членови на кралското семејство

Принцезата Беатрис - петтата внука на кралицата Елизабета Втора, тајно се омажи за Едуардо Мапели Моци, објави
theroyalcourier. На церемонијата присуствувале 20 гости, меѓу кои кралицата, нејзиниот сопруг принцот Филип и нивниот син принцот Ендру.




Беатрис и Едуардо се верија во септември 2019 година во Италија. Двојката планирала раскошна венчавка која требало да се одржи во мај, но не успеале поради пандемијата на корона вирус.

Наместо тоа, младото семејство се заколнало на верност во храмот, кој се наоѓа во паркот на Палатата Виндзор, само пред најблиските. Сите гости присутни на венчавката ги следеле мерките за дистанца и хигиена.

Принцезата Беатрис, со Едуардо, се запознала на свадбата на нејзината сестра Јужени, во октомври 2018 година.


Фото: Getty

Факти како доказ: Маркл е омилена војвотка на Елизабета II