ВО БУГАРИЈА, ГРЦИЈА И ВО АЛБАНИЈА НАСТАВА ВО УЧИЛИШТАТА: Србија со комбиниран модел, до 5-то одделение во школо, другите пред телевизор

Во текот на летните месеци, земјите од регионот се жариште на корона вирусот. Секојдневно голем број на ново заразени и починати пациенти, епидемиолошката крива во нагорна линија. Но и во вакви услови, тамошните власти сметаат дека состојбата ја држат под контрола и сега во период кога треба да започне новата учебна година излегуваат со сериозни решенија за да може образовниот процес да се одвива непречено. Фактор побара одговори од соседството, па во некои од земјите, како што е Грција, на пример, ни беше речено дека таму веќе имаат искуство со работа на училиштата со физичко присуство на децата. И во мај месец, под посебни услови и протоколи, настава со физичко присуство имаа прво матурантите кои ја завршија учебната година во училишните клупи, а потоа и останатите ученици.


НА 7.СЕПТЕМВРИ ОТВОРААТ УЧИЛИШТАТА ВО ГРЦИЈА

Во Грција и од завчера има одлука училишното ѕвонче да го означи стартот на новата учебна година на 7.септември. Министерот за образование и религија, Ники Керамос истакна дека тие се во постојана комуникација со здравствените власти и одлучни се за настава со физичко присуство на децата.

-Нашата комуникација со Министерството за здравство и членовите на Националниот комитет за заштита на јавно здравје од корона вирусот е константна со цел постојано ажурирање и прилагодување на образовниот процес во посебните услови низ кои минуваме. Како и во минатото , па сега, предлозите на експертите се оние кои не водат кон зголемени мерки на претпазливост и мерки за да се обезбеди јавно здравје каде и кога се потребни. Во блиска иднина и веднаш штом ќе завршат релевантните дискусии со Комисијата, Министерството ќе ја објави целосната рамка за повторно отворање на училиштата, изјави Керамос.


НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО И ВО БУГАРИЈА

Бугарскиот министер за образование Красимир Валчев рече дека новата учебна година, од 15. септември ќе започне сосема исто како и во претходните години кога во земјата немаше епидемија на корона вирусот, што значи дека децата ќе бидат физички присутни во училниците. Одлуката е конечна. Валчев исто така рече дека таков е случајот скоро во сите европски земји. Ако има болни деца или наставници, ќе има учење од далечина.

Постои предлог за измени во законот, така што некои деца можат да останат да учат дома, повеќе од 30 дена, а ова ќе биде возможно само од медицински причини.

Родителите во Бугарија, пак, нудат нов начин за започнување на учебната година. Наставниците кои, од здравствени причини, сакаат да предаваат на Интернет или децата чии родители не сакаат да ги пуштат на час, треба да се префрлат целосно на учење преку Интернет. Тие, исто така, направија петиција со која се бара секој да има право на избор.

Секое бугарско училиште треба да има топла вода и сапун како мерка против ширењето на коронавиус - ова го бараат Здружението на родители од Главниот здравствен инспектор Ангел Кунчев и министерот за образование Красимир Валчев.

Од Здружението на родители велат дека употребата на средства за дезинфекција го решава проблемот до одреден степен, но ги изложува сите, особено децата, на зголемен ризик од алергии и несакани ефекти на кожата и респираторните производи, понекогаш со долгорочни последици.

Целиот текст за почетокот на новата учебна година во земјите од соседството прочитајте го на Фактор.мк