Во тренд: Лејди Ди од 1990-тите како модна инспирација за 2020-тите

Иако поминаа повеќе од 23 години од нејзината трагична смрт, непрежалената Дајана Спенсер, попозната како Лејди Ди, сепак е неисцрпен извор на инспирација за познавачите и дизајнерите на модата.

Со заживувањето на трендовите од 90-тите, непрежалената англиска принцеза стана кралица на фармерките, сако со дворедно закопчување и смели спортско-кежуал комбинации, кои се клучни стилови на новата декада.

Од бициклистички во комбинација со предимензионирани маици, патики во неочекувани комбинации, смели модели на очила за сонце, женски костими, панталони со висок струк до славните пастелни стајлинзи и неверојатниот мал црн фустан со бисерен ѓердан - принцезата Дајана лесно ја крена класиката, но и спортските парчиња на многу повисоко ниво.


Причината зошто таа брзо стана модна икона не само во светот на Кралското семејство, туку и на глобално ниво.

Во моментов, поради новата сезона, популарната „The Crown“, нејзиното име и лик се повторно во центарот на вниманието на јавноста и веќе можеме да почувствуваме како претстои вистинската Дајана-манија.



Фото: Инстаграм

Погледнете ја галеријата: