Заедно оздравеа од коронавирус: И двајцата имаат по 88 години

Хозе и Гвадалупе, брачен пар, и двајцата имаат по 88 години, се опоравиле од „Ковид-19“ во нивниот дом во Вилануева Де ла Торе, Мадрид.

Тие се во брак од 1955 година, и се родители на седум девојки. Седумте жени (Maite, Rosi, Irene, María José, Pilar, Maika and Bea) биле во карантин до  30 март, денот кога нивните родители ја напуштиле болницата и биле во можност да се вратат во нивниот дом, во Мадрид.

На 8 март се одржала голема семејна прослава, Гвадалупе и Хозе славеле 65 години брак. Неколку дена подоцна, тој бил тестиран позитивен на коронавирус, а сопругата, Гвадалупе отишла да живее со една од нејзините ќерки во Мадрид. Но, таму и се појавиле истите симптоми како и кај нејзиниот сопруг и исто така била тестирана позитивна на коронавирус.
Во болницата, двајцата биле сместени на различни катови, Хозе побарал Гвадалупе да биде во неговата соба. 
Неговиот доктор, Јесис Лакаса, се согласил. 

„Ако двајцата, или еден од двајцата пациенти, е во многу сериозна состојба, претпочитаме да не ги обединуваме, но за нив двајца, идејата дека состојбата на другиот се влошува, плус неизвесноста што не знаат што се случува, е погубна.

Кога сте во различни простории, постојано размислувате за тоа како е вашиот партнер. Тие живееле цел живот заедно, и не се грижат за себе, тие се грижат само за тоа како ќе биде другиот. Нашата цел е да ги зближиме, но само доколку нивното здравје, во рамките на болеста, не вклучува ризици. Во овој случај, Гвадалупе беше подобра и поактивна од Хозе.“ - изјавил докторот. 

Сега и двајцата се излечени.

Хозе и Гвадалупе, кои живеат на горен кат од нивната куќа, оваа недела излегоа на прозорецот за да позираат за фотографот на „Тhe union journal“, откако оздравеа заеднички од коронавирусот. 

извор: theunionjournal