Жал ми е што не ти го продолжив животот барем 15 минути: Дуња Јованиќ низ солзи се прости од својата најдобра пријателка

Добивај вести на Viber

Српската инфлуенсерка Дуња Јованиќ претрпе голема загуба за што ги извести своите борјни следбеници преку својот Инстаграм профил.

Имено, нејзиното куче Бејби почина, а тоа ѝ падна многу тешко на Дуња со оглед на тоа што беше многу приврзана за својот миленик. Инфуленсерката ја купи Бејби од свој џеб, и цели 11 години живееа заедно, а за нивната посебна врска сведочат и бројни снимки и фотографии на споменатата социјална платформа.

Дуња последните неколку недели поминуваше доста време дома со своето куче кое со денови беше на кислород, поради фиброза на белите дробови, често заболување кај оваа раса после 8-мата година од животот. 

View this post on Instagram

A post shared by Dunja Jovanic (@imfashionbabe)


Дуња се обиде да ѝ помогне да заздрави или барем да ѝ го продолжи животот, но не успеа во тоа. Таа ги сподели тешките моменти низ кои поминале заедно. 

- Драга моја Бекица (апотекица), ти беше најважниот дел од мојот живот од зимата 2010-та година кога Дуња те купи тајно на 2 рати од нејзиниот студентски џепарлак, бидејќи татко ми рече дека куче е голема обврска, а мене не ми треба тоа. Ти беше мојата омилена обврска во светот сите овие години. Колку ме научи, колку се променив со тебе, како ми покажа што значи лојалност и посветеност и како да се сака... - започна Дуња, и продолжи да ја опишува нивната врска:

- Никогаш не можев да го ставам зборот „љубов“ во уста додека не се „навежбав“ на тебе. Во сите овие години толку пати сум бил изневерена од моите најблиски, но никогаш од тебе. Никогаш не се чувствував сама, а имаше толку многу прилики. Ти беше мојот најдобар пријател, многу често мојата единствена придружничка во најтешките моменти, а ако некогаш бидам добра мајка, тоа ќе биде поради тебе - напиша најпознатата српска инфуенсерка на емотивно видео со својот миленик и додаде:

- Не можам да си простам толку многу... Не можам да си простам што не ти го продолжив животот за уште 15 минути или 15 дена, а би дал сè за тоа. И не можам да го замислам животот без тебе, без нашата рутина, без твоите шепи кои ме гребаа штом ги отворам очите наутро... Сите што ме познаваа, од комшиите, до келнерот кој не ми го знае ни името, до моите најблиски луѓе, ме знаеа со тебе. Како ќе му кажам на Матеја, како ќе ѝ кажам на комшиката кога ќе ме праша „каде ти е кучето“, како ќе им објаснам дека мојата Бека веќе не е тука, колку ќе бидам само сама... - напиша таа, објаснувајќи колку ова куче ѝ било сè на светот.

View this post on Instagram

A post shared by Dunja Jovanic (@imfashionbabe)


- И Беко моја, првпат во животот нема да се преправам дека сум ок. Ќе бидам лошо, бидејќи така се чувствувам и немам сила да го сокријам тоа. Знам дека многумина ќе помислат дека сум патетична, затоа што „ти си само куче“, но за мене ти беше сè на светот. Моја Беко мала, Дуња не можеше да те спаси, а толку сакаше... Ти си засекогаш моето прво бебе, мојата прва љубов, мојот првенец и мојата гордост - пишува во емотивниот пост на познатата блогерка.

View this post on Instagram

A post shared by Dunja Jovanic (@imfashionbabe)



Извор: 24sedam.rs