Заработија милиони како најубавиот пар во светот, а потоа излезе страшната вистина: Судската одлука ги запрепасти сите

Во време кога Инстаграм не беше тоа што е денес и кога оваа платформа само што почнуваше да се развива, Алексис Рен и Џеј Алварез без сомнение беа најпопуларниот и најубавиот пар на светот. Тие беа меѓу првите инфлуенсери, а нивните прекрасни фотографии од патувањата го обиколија целиот интернет.

Но, пред само неколку месеци на површина излезе вистинската вистина за оваа навидум бајковита љубов. Алексис и Џеј беа заедно од 2015 до 2017 година, а се прославија брзо и лесно со оглед на тоа што конкуренцијата тогаш беше сè уште мала, а беа убави, шармантни и желни за авантури.

Алексис неодамна проговори за овој период од нејзиниот живот во подкастот „Call Her Daddy“, нагласувајќи дека идилата всушност траела многу кратко, а врската ќе ја памети по тоа што била жртва на манипулации и злоставувања. 

„Ние бевме две деца со неограничена количина на моќ и тој однос на почетокот беше неверојатен, и искрено мислам дека тој ме сакаше тогаш и дека за момент сè беше реално“, ја започна својата исповед блогерката, иако никогаш не именуваше на кого мисли, но сосема е јасно дека зборува за Алварез.

Ренова истакна дека врската се расипала поради „парите и моќта“: „Во општество во кое парите и моќта стануваат главна цел на постоењето, тогаш односите стануваат колатерална штета. Додала дека Џеј се обидел да останат заедно, но само да го одржат нивниот бизнис.

25-годишната девојка вели дека во врската имало црвени знамиња од почетокот, но таа тогаш не ги забележала: „Секое утро станував порано пред него да се нашминкам и да се средам. Не знам дали знаеше дека го правам тоа, но чувствував потреба секогаш да изгледам совршено“.

„Морав да го убедам дека сум најдобрата девојка. Морав да бидам совршена девојка за него. Затоа што никој нема да ме сака ако не сум средена и тој нема да ме сака ако не сум убава. Публиката буквално ме крсти „совршената девојка“. Како можев воопшто тоа да го издржам “, додаде таа.

Алексис повтори дека нивната љубов ја уништиле парите, односно дискусиите за тоа кој колку пари заработува од добивката што ја добиле благодарение на Инстаграм. 

„Тој беше убеден дека нема доволно пари за се‘, па постојано се бореше за своето место, своите пари. Постоеше постојано чувство на недостаток. Се однесуваше како да останува во врската само за да не ја изгуби неговата работа, а тоа беше страшно за мене. Затоа што на нашата врска не гледав како на работа“, рече таа.

Дури и откако се распадна врската, тие мораа да се преправаат дека се совршен пар поради договорените деловни ангажмани:

„Бевме во Италија и моравме да завршиме работа, но тогаш веќе знаев дека не сака да биде со мене. Го знаев тоа, тој веќе заврши со мене. Бев толку посветена на него. Само плачев на скалите, а тој ме зграпчи, ги стави рацете на ѕидот и ми се насмевна во лице. Тогаш знаев дека целата врска за него е само работа“.

Инаку, по разделбата, адвокатите на Џеј успеаја да му овозможат таква спогодба што тој ќе добива шест отсто од сите приходи што ќе ги оствари Алексис, шест отсто од секоја инвестиција, секоја објава на Инстаграм.


„Поминав две години по тој однос со адвокатите во судницата и за малку ќе изгубев се‘ што имав обидувајќи се да излезам од тоа“, рече Алексис, но процентот што таа му го плаќа сè уште стои.


Инаку, и Алексис и Џеј продолжија да блогираат: таа има над 15 милиони следбеници и го документира нејзиниот начин на живот, а Алварез има над 7 милиони и е прилично ексцентричен: покрај деталите од патувањето, се проба и како порно актер. 


Извор: женаблиц

Фото: Инстаграм