Заработувам 12.000 евра месечно, затоа што мажите сакаат да го гледаат мојот бизарен голем стомак: Ме гледат како јадам и се дебелеам

Минатата година Британката Антонија Греам стана интернет сензација по видеото во кое се шегува на сметка на поголемиот стомак и килограмите, а тоа видео и помогна да ја најде работата од соништата. Имено, таа сега заработува и до 10 илјади фунти месечно само со снимање видеа како јаде.

25-годишната девојка на тој начин ја замени улогата на мајка и домаќинка со „работа од соништата“ која вклучува консумирање висококалорична храна пред камера, а овие бизарни кадри ги нуди на публиката на платформата OnlyFans. Антонија работи само два дена во неделата и тврди дека нејзините снимки воопшто не се експлицитни.

„Повеќето од барањата се оценети како целосно безопасни, речиси воопшто не се бара некоја непристојна содржина, бидејќи моите клиенти не се како обичните мажи. Тие сакаат да ме видат како јадам, се дебелеами добивам килограми“, вели таа.

@antoniagrahamx

BROKEN by TalliaStorm - TALLIA STORM

„Најмногу јадам брза храна од популарни ресторани во количина што е доволна за покривање на цело семејство. Јадам околу 3.000 калории за време на еден оброк, а тоа дефинитивно го оптоварува организмот“, додала таа.

„Наплаќам 10 фунти за минута за видео што го снимам, а работам само во понеделник и петок, но го имам луксузот често да ги прескокнувам тие денови. Бидејќи работам само кога ми требаат пари, заработувам нешто помалку од 10.000 фунти месечно, додека некои луѓе во овој бизнис заработуваат и над 30 илјади фунти“, објасни оваа госпоѓа.

@antoniagrahamx I’m really feeling myself in this @boohoo Matrix Freestyle - Arjun

Антонија вели дека нејзината најголема страст е да го направи светот подобро место за поголемите луѓе, а истакна и дека овој бизнис не треба да се прави само заради пари.

„Постои огромна, прикриена заедница со фетиши и тие можат да забележат преварантина километри. За жал, оваа работа исто така прави огромен притисок врз телото. Потрошив илјадници фунти на храна за да го одржам мојот стомак доволно голем за оваа работа. Исто така, со оваа работа го прифатив моето тело и се засакав себе си. Уживам во него, но тоа не е нешто што планирам да го правам засекогаш. Сепак, среќна сум што го изградив моето име во оваа заедница, каде што сите се толку љубезни и драги", заклучила таа.

Антонија, која е мајка на три деца, е популарна и на ТикТок, каде ја следат над 350 илјади луѓе, а секојдневно објавува видеа кои го слават женското тело и им помагаат на жените да се заљубат во нивниот вишок.


Фото и Видео: ТикТок