Заврши на Ургентен поради шлаканица од партнерот: По ударот, актерката Марија Каран му го скршила стаклото од автомобилот

Српската актерка Марија Каран завршила на Ургентен откако добила шлаканица од нејзиното момче.

По разводот од нејзиниот сопруг, филмскиот продуцент Џоел Лубин, актерката Марија Каран се врати во Белград каде ја доби една од главните улоги во серијата „Династија“. A најголема слава стекна од серијата „Љубав, навика и паника“.

По успехот на работа, Марија доживеа успех во љубовта, барем така пишуваат сите регионални медиуми, со оглед на тоа дека актерката почнала да излегува со Владан Балабан, кој е опишан како бизнисмен. За љубовта на Марија и Владан е познато следново:

Балабан е ИТ експерт и со години тесно соработува со Факултетот за технички науки во Нови Сад. Во слободно време се занимава со спорт, а член е и на Управниот одбор на Здружението за хокеј на мраз на Србија. Покрај тоа, тој се интересира и за уметност, што особено ја привлекло Марија.
Балабан има еден брак зад себе и деца.

Кога ја открија врската, отидоа заедно на патувања и се запознаа со семејството и пријателите.


Но викендов одекна веста дека ја удрил познатата српска актерка.

Жителите на улицата Француска во центарот на Белград утрото околу 4.05 часот ги разбудила жестока кавга и пресметка. Сосед се јавил во полиција и пријавил дека на улицата Француска има џип со број 29 во кој плаче жена.

Полицијата веднаш штом пристигнала на улица пронашла „порше каен“ во кое на возачкото место била актерката Марија Каран, а на совозачкото нејзиното момче Владан Балабан.

Полицијата утврдила дека двајцата претходно се скарале во познат ресторан во Белград, каде тој излегол од ресторанот и се упатил кон гаражата, пишува Телеграф.рс.

Веднаш потоа настанала нова расправија меѓу двајцата, по што тој со тупаница ја удрил Марија во десната страна од лицето и во таа прилика настанала видлива повреда во вид на полесен оток кај неа.

Актерката потоа со противпожарен апарат го скршила задното стакло од возилото.

Поради здобиените повреди, Марија со во придружба на патрола била пренесена на Ургентен каде се уште се наоѓа, а Основното јавно обвинителство во Белград наложи полицијата да поднесе детален извештај за овој инцидент, по што обвинителството ќе процени дали има елементи на кривично дело или прекршок.

Проверки ќе се вршат и преку Центарот за социјална работа, а ќе се добијат и пријави за повреди, видеоснимки и се останато потребно за одлучување.

извор:stil.kurir.rs / telegraf.rs