„Жена ми ме пере, ми подготвува храна, меси колач“: Отец Предраг Поповиќ предизвика жестока дебата на социјалните мрежи зборувајќи за својот брак
Православниот свештеник Предраг Поповиќ е популарен на социјалните мрежи каде со верниците разговара за христијанските принципи.
Отец Предраг Поповиќ е познат по своите јавни настапи во кои сликовито и интересно им ги објаснува христијанските принципи на верниците. Неодамна тој гостуваше во една емисија и зборуваше за бракот и разводот. Неговото мислење предизвика жестока дебата на Интернет.
Дали треба да ја изневерам?
„Ѓаволот најмногу го напаѓа бракот. Гледа да го распарчи. Види, истото го направи и со првиот брак – Адам и Ева и нема да престане да го прави тоа. Не поради нас, туку да се исмеваме со Бога, затоа што на Бога му е многу важна заедницата на маж и жена. Жена ми лежи во кревет со мене, ми подготвува храна, ме пере, меси колач за слава, го носи моето презиме и јас да ја изневерувам? Дали треба да ја изневерам? Па кому ќе му бидам јас верен? На Бога? на пријателот? На кого? Тогаш немај жена, разведи се убаво... Боже мој. Не е ниту прв ниту последен развод, но кога даваш, тогаш навистина дај се себе си. Нема ривалство, секој си го прави своето во таа заедница. Кога ќе се разболи сопругата, знаеш како готвам јас?! Јас тогаш ги преземам сите обврски што ги има. Кога ќе се разболам, таа ги презема моите должности. Значи, ние сме тим, бракот е тим. Со тоа што се грижам за неа, јас се грижам за моето спасение. За мене рајот нема да биде целосен без неа – рече отец Предраг.
Православниот свештеник Предраг Поповиќ е популарен на социјалните мрежи каде со верниците разговара за христијанските принципи.
Така се почитува жената!
Отец Предраг објави видео во кое ова го кажува сето ова на својот Инстаграм и предизвика бура од коментари. Некои луѓе во коментарите се согласуваат со него, додека други не се согласуваат.
„Потполно се согласувам, но денешните жени не се слугинки и куќни помошнички за своите мажи“, „Браво, така се вели, така се почитуваат жените и бракот, секоја чест“, „Кога сите би имале таков начин на размислување за бракот, ова светот би бил здрава средина за човештвото според Божјите зз“, се само дел од коментарите.