Жените низ светот веќе ја обожуваат: Фризура која е водечки тренд за пролетната сезона (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Покрај тоа што е трендовскa, изгледа одлично кај скоро сите жени.

Фризерите одлучија дека коса на степени ќе биде водечки тренд на пролетната сезона. Правилото е, колку повеќе слоевита, толку подобро. Односно ќе владее фризура, слична на онаа што ја прослави Џенифер Анистон.

Станува збор за слоевита, скалеста или степенеста фризура која е добра за различни должини, но фризерите ве советуваат да изберете должина до рамената. Оваа должина е најлесна за одржување, а во исто време можете да ја стилизирате на многу начини.

Акцентот е ставен на едноставноста и леснотијата на одржување, поради што изборот падна на оваа фризура. За сите дами кои не сакаат да поминуваат премногу време во салони, овој тренд е совршен.

Доволно е да ја исушите косата, да нанесете малку пена, да ја „набрчкате“ косата со рацете и да имате идеално стилизирана коса.





извор:stil.kurir.rs