Згодниот европски принц се ожени со „огнена“ Колумбијка, а ваква венчаница досега не сте виделе: Вел без крај, голи раменици, „пуф“ ракави...

Принцот Џозеф Емануел од Лихтенштајн, син на принцезата Маргарет од Луксембург и принцот Николаус од Лихтенштајн, згазна на лудиот камен во саботата во Колумбија, родното место на неговата новопечена сопруга Клаудија Ечавар.

Џозеф и Клаудија разменија брачни завети во Картагена, на брегот на Карипското Море, а парот се обврза на вечна љубов во прекрасната црква Свети Педро Клавер, во присуство на семејството и пријателите. По церемонијата, на излегување од црквата ги чекаа традиционални колумбиски танчери облечени во бело.

Принцот од Лихтенштајн, 16-ти во редот за тронот, се одлучи за интересен костум - панталони со пруги, жолт елек и црн фрак, додека неговата невеста блескаше во необична, но луксузна венчаница. 

Клаудија носеше бела венчаница со голи рамена, со горен дел во форма на корсет и помпезни пуфни ракави, а оваа креација имаше и огромен лак на грбот. Убавата бринета сето тоа го заокружи со долг вел од тантела кој се влечеше по подот, дијамантски обетки и бидермаер од бели цветови. 

Инаку, оваа дама припаѓа на колумбиската елита, а во високите кругови таму е позната како Клокло. Таа пораснала во Мајами и Женева, а сега живее и работи во Лондон, исто како Џозеф. 

Принцот се преселил во Велика Британија како тинејџер, се со цел да присуствува на Кралската воена академија. По дипломирањето, тој се приклучил на ирската гарда, а на 21-годишна возраст бил унапреден во поручник.


Фото: Профимедиа