Живеат во село, немаат компјутер, и не слушнале дека треба да се регистрираат на Е-персонален данок

Добивај вести на Viber

На 12 километри од градот Кочани се наоѓа селото Пантелеј, каде живеат триесетина постари жители, кои немаат компјутери, немаат пристап до интернет, ниту пак слушнале дека треба да се регистрираат на Е-персонален данок на веб страната на Управата за јавни приходи.

„Не сум слушнал, никој не ми кажал. Татко ми е пензионер, добива пензија, но и тој не знае за ова. Јас имам само основно образование, компјутер имаме дома, ама не ракувам со него, децата се вклучуваат на интернет. Во секоја куќа има стари луѓе по 70 или 80 години, и нема шанси да се снајдат за да пополнат она што е потребно“, вели Георгиев за ФАКТОР.МК.