Животот на Нигор го обележаа страшни трагедии, една го уби: Имала само 13 години кога заспала и никогаш не се разбудила

Игор Лазиќ Нигор во текот на животот доживеа неколку трагедии, но еден засекогаш го скрши ...

„Нема шанси. Бев, покажав кој сум, не глумев. И денес кога одам на пазар ми се јавуваат баба и дедо. Не го разочарав семејството и пријателите, а тоа ми значи повеќе од освоеното второ место“, рече Игор Лазиќ Нигор пред неколку години, одговарајќи на прашањето дали ќе го повтори реалното искуство по учеството во „Фарма“.

Сепак,пролетта оваа година ја дочека во Доминиканска Република, како еден од натпреварувачите во „Преживеан“.

Годинава се навршуваат десет години од вториот роденден на Игор. Имено, во 2012-та година му беше дијагностициран тумор на хипофизата и животот му висеше на конец. Тој беше успешно опериран во болница во Истанбул, а со него цело време беа неговата девојка, најблиското семејство и најдобриот пријател Владо Георгиев.

View this post on Instagram

A post shared by (@niggorlegalazic)


Ја почувствувал и најголемата болка

Игор Лазиќ на педесет години доживеа бројни лични и семејни трагедии. Еден по еден починаа пријателите со кои го основаше „Монтенигерс“, прво Душко кого го „однесе“ тешката болест, па Небојша кој загина во сообраќајна несреќа.


Несовесен возач во 2007-ма година го уби таткото на Игор, а девет месеци подоцна почина ќерката на неговиот брат.

- Почина во сон, и тоа на слава. Таа имаше само 13 години. Легна да спие и не се разбуди. И нема ништо полошо од тоа - музичарот ја откри најголемата тага што ја доживеало неговото семејство.

View this post on Instagram

A post shared by  (@niggorlegalazic)


- Бог ве става на тест цело време. Велат, а зошто Господ така му направил, тој е добар човек. Ве искушува да види дали ќе се откажете од него. Кога некој има здравствен проблем, мора да биде најблиску до Бога, да се моли. Кога велат: „Зошто умре малото дете?“ Затоа што е така. Можеби родителите ја плаќаат цената или родителите на тие родители направиле нешто. Тоа е филозофијата – помирувачки заклучува Игор Лазиќ, кој моментално води „племенски битки“ на егзотичните Кариби.


Извор: stil.kurir.rs