Животот ви е тежок? Погледнете ја, нема рака, а е врвна во свирење виолина

По 13 години не можејќи да свири виолина, Манами Ито се враќа посилна од кога било

Манами Ито свира виолина од својата седма година. Отпрвин, не сакаше многу да свири, но кога доживеа сообраќајна несреќа на дваесет години и ја изгуби раката, сфати колку многу и недостасува виолината.

Добила протеза на раката што ќе и овозможи да свири лесни детски песни. На почетокот, ни таа не можеше да го стори тоа и и беше многу тешко, но започна да вежба секој ден и сега има солистички концерти. Да, имаше концерти во преполни сали. А, свири како да има три раце, а не една.

По несреќата, таа одлучи дека немањето рака нема да ја спречи да го намали својот успех. Стана прва медицинска сестра во Јапонија која нема раце, а се натпреварува и во пливање на Параолимпијадата. Таа е доказ дека сè е можно кога сакате.

Извор: телеграф.рс