,

Борбата со канцерот е зад неа: Славната актерка од Беверли Хилс насмеана се враќа на малите екрани

Добивај вести на Viber

Шанен Марија Доерти, која многумина ја паметат по улогата на Бренда Волш во популарната серија „Беверли Хилс“, се враќа на малите екрани. Омилената актерка неодамна ја победи кобната болест со која се бореше изминативе три години. https://www.instagram.com/p/Bd_Qf_ZBMDa/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_ufi Тешките денови сега се зад неа, па Шенон со насмевка чекори кон нови предизвици. Еден од нив е и римејк на филмот „Heathers“ во кој славната актерка ја толкуваше улогата на Хедер Дјук. Ова и е прв ангажман по тешката дијагноза, а работата и тоа како и годи. Тоа го покажа појавувајќи се одлично расположена на премиерата на филмот на кој блескаше во елегантно црно одело.   Во текот на вечерта Доерти одржа и говор во кој и се заблагодари на целата екипа која ја поддржувала и и давала прилика да глуми и покрај здравствените проблеми со кои се борела. Да потсетиме, на Шенон во февруари 2015 година и е дијагностициран карционом на дојката. Поради болеста се подложила на мастектомија, хемотерапија и радијација, а својата битка за оздравување цело време ја документираше на Инстаграм. https://www.instagram.com/p/BeHyOFbBTsU/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_ufi Среќните вести стигнале во август лани кога Шенон јавноста ја извести дека болеста е во ремисија. Се надеваме дека така и ќе остане.