,

БРОНЗЕНА САБЈА за Златна петторка

Добивај вести на Viber

На VIII Меѓународен Фестивал за историски и воени филмови кој се одржува во Варшава во периодот меѓу 23 и 26 октомври, македонскиот филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски кој учествува во официјалната селекција освои бронзена сабја од стручното жири, во категоријата играни историски филмови. Филмот се натпреваруваше во официјална конкуренција со 70 други филмски остварувања од 18 држави. Поради неможноста режисерот и неговиот тим да присуствуваат на Гала церемонијата по повод доделување на наградите, наградата ја прими Вршителот на работи во Амбасадата на РМ во Полска г-ѓа. Горица Атанасова Ѓоревска која во оваа прилика имаше и пригодно обраќање. Г-ѓа. Атанасова Ѓоревска се заблагодари за укажаната чест во име на авторите, се осврна на значењето на филмот „Златна петорка“ како еден од најнаградуваните и најгледани македонски понови филмови, кој раскажува едно трагично сведоштво од македонската историја пренесено преку слободната уметничка интерпретација.  Таа воедно истакна дека за Република Македонија е многу значајно учеството и наградата за македонски филм при првото учество на реномираниот полски фестивал со што се градат нови културни мостови меѓу двете држави.