Џенифер Анистон и Џастин Теру пред неколку дена официјално потврдија дека се разведуваат преку заедничка изјава.
Ако судиме според пишувањата на странските медиуми, изгледа дека двојката само ја залажува јавноста затоа што постои можност всушност и никогаш да не се венчале.
Имено, како што мсилат сите, планетарно популарната актерска двојка се венчала во 2015 година во вилата на Бел Ер. Меѓутоа, новинари од ТМЗ пронашле податоци за сите венчавки во Лос Анџелес округот и тоа наназад се до 2010 година. Проблемот е во тоа што никаде не постои белешка за нивна дозвола за венчавка.
Иако постои можност за издвање на „доверливи брачни понуди“ кои се целосно тајни, ТМЗ тврди како такво нешто не е издадено ниту во еден од 57 окрузи. Исто така , извори близок до парот потврдил дека Џастин и Џенифер никпгаш легално не се венчале.
Потсетуваме, како потенцијални причини за разводот се наведуваат претераната љубомора, наводно изневерување, како и тоа што парот и никако не можел да се договори дали сакаат деца. На нивниот однос не му одело во прилог ниту она што поради работата биле често разделени, а дури и кога се во ист град веќе не живееле заедно.