За Џенифер Анистон 2018-та е година на големи промени. Откако објави дека после две и пол години брак и речиси седум години врска се разведува од сопругот Џастин Теру се дозна и дека ја продава својата сензационална, 127 милиони долари вредна вила на Бел Аир, која неодамна ја покажа на страниците на магазинот Architectural Digest а која ви ја покажавме и ние.
Омилената холивудска ѕвезда не се разделува само од сопругот, туку и од својот дом од соништата, во кој во 2015 е одржана и нивната церемонија на венчавка.
„Некогаш мислев дека има нешто романтично и забавно во патувањата и во тоа секој трет месец да си некаде на друго место. Сега сум многу пребирлива околу проектите на кои работам. Кога го погледнам својот сопруг и кучињата во нашиот дом, помислам дека нема друго место на кое со задоволство би била“, кажа Анистон за магазинот.
Но брачната среќа не потраја, а парот се разведува.
Раскошната вила , која во 1965 година ја проектирал славниот американски архитект A. Quincy Jones, Анистон ја купи во 2011 а својот нов дом кој требаше да биде љубовно гнездо за неа и Теру, темелно го преуреди со помошн на Стивен Шедли, дизајнер со кој соработуваше и на уредување на своите претходни куќи.