Британската актерка Тилда Свинтон не ги крие своите замрсени емотивни односи. Таа веќе 29 години е во врска со Џон Бирн, но тоа не ја спречува да биде во отворена врска со сликарот Сандро Коп. Тие тројца, заедно со децата на Тилда , сега живеат под ист кров.
50 годишната актерка Тилда вниманието го освојува со својот необичен изглед, но и живот. Освен што ја носи облеката на своите деца, и се изјаснува како Шкотска дама, таа е во паралелна врска со двајца мажи-вонбрачниот сопруг Џон Бирн и љубовникот Сандро Коп.
Со Џон е во врска од 1989 година, а со оглед на тоа дека тој од неа е постар дури 21 година, не се изненадил многу кога на сетот на филм во 2004 година признала дека се вљубила во млад сликар.
https://twitter.com/1USNews/status/843188344498544640?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.dnevno.rs%2Fmagazin%2Fshowbiz%2F111947%2Fjedan-joj-nije-dovoljan-slavna-glumica-pod-istim-krovom-zivi-sa-deckom-i-ljubavnikom-foto
И покрај тоа, Тилда и Џон продолжиле да живеат заедно во шкотскиот град Наирн, заедно со близнаците, но и новиот дечко на актерката кој е околу 20 години помлад од неа.
Како што вели, Сандро и бил прв љубовник, но необичната тројка одлично се сложува па дел од годината сите тројца делат ист кров.
-Џон е феноменален татко. Го обожавам и уживам во тоа што заедно се грижиме за нашите деца. Живееме заедно и ќе останеме блиски до крајот на животот, но по светот патувам со Сандро со кој сум во врска веќе три години. Навистина е неверојатно колку сме блиски сите тројца-изјавила актерката во меѓувреме.
https://twitter.com/blogparser/status/716521177003466752?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.dnevno.rs%2Fmagazin%2Fshowbiz%2F111947%2Fjedan-joj-nije-dovoljan-slavna-glumica-pod-istim-krovom-zivi-sa-deckom-i-ljubavnikom-foto
Тилда открива дека и понатаму е емотивно поврзана за својата прва љубов, а ваков вид на заедница одлично функционира.
-И понатаму го сакам Џон, но се заљубив и во Сандро па ова беше единствено разумно решение. Тоа што сум дел од годината со Сандро не значи дека морам да го прекинам животот со таткото на своите деца. Сите сме една фамилија-се пофали Тилда.