На 2 и 3 февруари 2018, во Кинотека на Македонија, публиката ќе има можност да погледне филмови чии проекции беа дел од третото издание на Скопје Синема Сити. Зимското издание е прв од четирите филмски настани што се планирани да се случат оваа година во различни периоди – нешто што организаторите го нарекуваат „Четири годишни времиња“.
Скопје Синема Сити, преку својата платформа и избор на документарни филмови, има за цел да претставува разни музички теми и програми кои истовремено ќе едуцираат и ќе забавуваат. Организатор на фестивалот и селектор на програмата е Ненад Георгиевски, истакнат музички новинар, соработник на All About Jazz и ТВ Војводина, кој и самиот има работено на низа музички емисии и неколку документарни филмови.
Програма на Скопје Синема Сити
02.02.2018 (Петок)
20.00– Kraftwerk: Pop Art (60 мин)
21.30– Лиса Жерар:Светилиште (Lisa Gerrard: Sanctuary) (90 мин)
03.02.2018 (Сабота)
20.00 – Во сеќавање на Лу Рид (Remembering Lou Reed) (60 мин)
21.30 – Дејвид Боуви на BBC (David Bowie at the BBC) (60 мин)
Картите може да се купат и резервираат на билетарницата во Кинотека на Македонија.