КАКО ДЕТЕ СЕ ПОЈАВИЛ ВО СЦЕНА ОД „ТИТАНИК“: И ден денес живее од пари од филмот
Aктерот Рис Томпсон имаше само 5 години кога го глумеше ирското дете кое со мајката и сестрата се удави во една од најемотивните сцени на филмот „Титаник“. За оваа улога детето добило 30.000 долари, а во интервју за „Бизнис инсајдер“ открива дека овој филм и сега му носи по 200 до 300 долари годишно.
„Чудно е бидејќи воопшто не размислувам за тоа. Кога ќе се појави чекот, едноставно си помислувам дека имам уште сто долари повеќе“- вели Томпсон.
Рис има 25 години и се занимава со дигитален менаџмент за едно скијачко одморалиште во Јута. Вели дека никој во неговото семејство не ни можел да замисли дека „Титаник“ ќе доживее голем успех.
Филмот е снимен пред 20 години, а главните ликови Кејт Винслет и Леонардо Ди Каприо станаа големи холивудски ѕвезди.