Настани,
Филм
Катарина Радивојевиќ-Зоне во скандал: Исфрлена од серија, бидејќи нападнала организаторка
Информацијата дека Катарина Радивојевиќ во јавноста позната по улогата на Зоне, нема да се појави во втората сезона на серијата „Ургентен центар“ бидејќи ја нападнала организаторката со шлаканица, потврдил Горан Стаменковиќ, сопственикот на куќата „Емоушн“.
Пред неколку недели Радивојевиќ изјавила дека серијата ја напушта бидејќи не се изполнети нејзините финансиски барања.
-Бев повикана на преговори за новата сезона и сакав да играм бидејќи знаев дека ќе бидам оваа зима во Белград и сакав пред се поради публиката да бидам присутна во новата сезона. Им дадов разумна цена, која не можеа да ја платат. Не ми е јасно зошто продуцентите мислат дека можат да снимаат серии, надевајќи се дека ќе бидат успешни, а да не ги платат актерките-изјавила Катарина.
Меѓутоа, Горан Стаменковиќ истакнува дека тоа не е точно, како и дека соработката со Радивојевиќ е прекината бидејќи актерката на снимањето физички ја нападнала и удрила организаторката.
Катарина го демантираше овој скандал и тврди дека никој не тепала а со Стаменковиќ ќе се видат на суд.