Настани,
Настани
Од 15 февруари стартуваат Академии за Маркетинг и ПР и за Графички дизајн на Creative Hub
Од 15 февруари со работа почнуваат Академиите за Маркетинг и ПР и за Графички дизајн на Creative Hub кои нудат професионална обука и врвна услуга, со основна цел обезбедување добро обучен кадар од овие две области, кој моментно недостасува на пазарот во Македонија. Академијата за Маркетинг и ПР е наменета за бизнис професионалци на кои им е потребна надградена обука во одредена област од нивниот сектор, како и за студенти кои се подготвени да навлезат во маркетинг и бизнис светот и да направат нов чекор. Академијата за Графички Дизајн, пак, нуди професионална обука преку изучување на најсовремените софтверски програми за графички дизајн, како и предмети кои опфаќаат теми како фотографија и целосно опфатена подготовка за печат.
Обуките ќе се одвиваат преку работа на реални проекти и интерактивни предавања, одржани од експерти во својата област: Сергеј Зафироски, Огнена Васиљевиќ, Сузана Никифорова, Биљана Северинова, Дафинка Дина Муцунска, Горан Биџовски и други звучни имиња.
Истовремено, по завршувањето на академијата на студентите им се дава можност за дообука преку платена пракса кај некој од партнерите на Creative Hub меѓу кои се домашните маркетинг агенциите - Елемент ПР, The P World, Marketing Group, Insider ID, Momentum Inc. и многу други.