По многу гласини и шпекулации на оваа тема, легендарната ТВ-водителка и милијардер Опра Винфри конечно коментира дали ќе се кандидира за претседател на изборите во 2020 година.
„Не, јас нема да го направам тоа Не е нешто што ме интересира. Не мислам дека имам ДНК за тоа“, изјави Опра во шега за магазинот In Style.
За кандидатурата на Опра беше разговарано по нејзиниот силен говор на наградите „Златен глобус“. Тогаш голем број познати личности рекоа дека ќе ја поддржат Винфри во трката за Белата куќа.
Дури и нејзиниот долгогодишен партнер, Стеман Греам, навести дека кандидатурата не е исклучена. „Не зависи само од неа, но таа би го направила“, рече тој. Самата Опра, сепак, очигледно има друго мислење за ова прашање и би сакала да се грижи за својата деловна империја.