Американскиот актер и режисер Џорџ Клуни (56) се враќа на малите екрани во новата серија „Квака 22“, адаптација на романот на Џозеф Хелер, кој ќе го продуцира, режира и во кој ќе ја игра една од улогите, полни 20 години по заминувањето од американската хит-серија „Итна служба“.
-Серијата ќе ја сочинуваат само шест епизоди-рекла за „Холивуд Репортер“ Ејми Павел, која ја продуцира серијата во соработка со продукциската куќа „Anonymous Content“.
-Во тек се преговори со платформа за видео-дифузијата Хула-рекол за АФП извор близок до проектот, потврдувајќи ги информациите претходно објавени во американските медиуми.
Ејми вели дека двојниот оскаровец за учество во серијата по епизода ќе добие околу милион долари.
Клуни прв пат по 20 години и улогата на доктор Дог Рос во тв-серијата „Итна служба“ која го вивна меѓу холивудските ѕвезди, повторно ќе настапува во една ТВ серија.