Вечерва во 20 часот во Кинотеката ќе почне ревија на современата венецуелска кинематографија. Ревијата започнува со победникот на филмскиот фестивал „Киненова“, филмот „Фамилија“ на режисерот Густаво Ронод Кордова. Во текот на ревијата ќе бидат прикажани шест филма од најновата филмска продукција во Венецуела, меѓу кои 5 играни и еден анимиран филм.
Ова е прво претставување на оваа кинематографија во Македонија, а го организира „Киненова“ во соработка со Амбасадата на Боливарска Република Венецуела во Софија. Настанот свечено ќе биде отворен од амбасадорката на Венецуела за Бугарија, Македонија, Црна Гора и Албанија, Ориета Капони.