Црни, сиви, и темноплави капути и јакни владеат на улиците, но зимската облека нема причини да биде толку мрачна. За промена и добро расположение, посегнете по оваа боја која ќе ве претвори во носители на добри вибрации.
Не е воопшто чудно што и психолошки е докажано дека времето влијае на нашето облекување, но тоа сепак може да влијае и на нашето расположение. Во зима често сме безволни, без енергија, мрачни како и нашиот црн капут.
За да се „спасите“ од таа зимска депресија, наместо одлуката да облечете класичен црн капут, посегнете малку по оние во боја!
Наша препорака но и препорака на психолозите е: ЖОЛТА! Според славната онлајн платформа која ги диктира популарните бои на сезоната, Пантоне, жолтата боја значи: среќа, надеж, топлина, љубов и генерално добро чусвство. Но, во таа листа припаѓаат и силно портокаловата па дури и црвената боја. Од студениот спектар на бои тука е зелената која ни помага да се бориме против зимската депресија.
Во прилог уживајте во фотографиите со кои ве инспирираме.