,

(ФОТО) Како изгледаат денес ѕвездите од филмот „Брилијантин“

Добивај вести на Viber

Малку повозрасни, но и понатаму шармантни... Верувале или не, оваа година се обележуваат 40 години од првото прикажување на еден од најромантичните филмови на сите времиња „Брилијантин“. Џон Траволта и Оливија Њутон Џон, актерите кои ги глумеа Дени и Сенди во култниот филм од 1978 година, повторно се сретнаа на гала вечера во Лос Анџелес. 63-годишниот актер и 69-годишната актерка и пејачка заедно одржаа говор на бина. Оливија во мај лани откри дека втор пат се бори со ракот. Имено, 25 години откако прв пат и бил дијагностициран рак на дојка, докторите откриле дека ракот се вратил и метастазирал. И покрај здравствените проблеми, Оливија освојува со шармот каде и да се појави. „Немам веќе болки и сум среќна што можам повторно да работам“, рекла таа во ноември лани. Актерката исто така ги потврди гласините за идејата за повторно собирање, но не потврдила ништо официјално.