,

Ѕвездата од филмовите за возрасни прозборе за односот со Трамп

Добивај вести на Viber

Порно актерката Сторми Данијелс се појави во емисијата на Џими Кимел каде одговори на тврдењата дека имала сексуална врска со Доналд Трамп. Иако Кимел вршел притисок на Данијелс да му открие детали од аферата, таа успешно ја играла оваа игра и давала многу недефинирани одговори. Кога водителот ја запрашал дали сексуалната средба со Доналд Трамп и било „пријатно искуство“ таа рекла дека „карактеризацијата“ на Кимел е непријатна. Таа сугестивно одговарала и на прашањата дали би потпишала изјава за демантирање на нивната афера. „Не знам, дали би? Ова не изгледа како мојот потпис зарем не? Не ја демантирам аферата затоа што ми платија евроспките таблоиди. Демантирам бидејќи никогаш не се случила.“ Кимел се осврна и на наводите дека примила 130 илјади долари во замена за молчење. Од друга страна , порно актерката тврди дека не го читала неодамнешниот транскрипт на интервјуто за „In Touch“ магазинот во 2011 година во кој сексуалниот однос се наведува до детали бидејќи била „Премногу исплашена“. Како вели, нејзиното интерву за тој магазин не изгледал баш така. „Се чувствувам виновна поради своето семејство. Мојата ќерка е изложена на тие работи. Знаете, разни работи се измислуваат на интернет“, рекла таа. Администрацијата на Трамп пак, отфрла било какви тврдења за познанства помеѓу претседателот на Америка и порно актерката.