,

Џастин Трудо со поддршка на #MeToo во Давос

Добивај вести на Viber

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, ги повика лидерите на најголемите светски организации да вработуваат повеќе жени и да се справат со сексуалното малтретирање, воедно предупредувајќи дека пристапот „вообичаено-работење“ во справувањето со нееднаквоста ќе доведе до неуспех за сите. Во воведен говор на Светскиот економски форум во Давос, Трудо истакна дека вработувањето, унапредувањето и задржувањето на повеќе жени е клучот за намалување на „неверојатниот“ јаз меѓу богатите и сиромашните. Сексуалното малтретирање во бизнисот и владата претставува системски проблем и е неприфатливо“, истакна Трудо, додавајќи ја својата поддршка на #MeToo кампањата која започна по откритијата за холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн. https://www.facebook.com/worldeconomicforum/videos/10155078922421479/?hc_ref=ARR7Ft3XwNH6y-sT20v1VyW5W1ozOLwMhyhVAa4-18qOETzxjU9sL3Wx6KEsQYJnG_4