Џерард Батлер при гостување во една емисија е запрашан во рамки на една игра која актерка подобро се бакнува. Му било непријатно зошто го прашуваат тоа, се замислил неколку секунди, а потоа одговорил: „Џенифер Анистон. Ова било изненадување“.
После тоа изгледало како да се избламирал, но другиот гостин 50 Cent изгледал како да е задоволен од одговорот на Џерард па се насемвнал и рекол: „Не, не, не, ова е добро“.
Батлер работел и со едната и со другата актерка. Со Џенифер во 2010-та на филот „Bounty Hunter“, а со Анџелина уште во 2003-та во „Lara Croft Tomb Raider: The Cradle of Life“.
И едната и другата актерка беа во брак со Бред Пит, Анистон од 2000 до 2005, а Џоли од 2014 до 2016.
Анџелина наводно го „украла“ Бред од Џен додека во 2005 го снимале филмот „Господин и госпоѓа Смит“ но се зборува дека бракот на Пит и Анистон веќе се распаднал кога ја запознал Џоли.