Мислев дека раната ќе ми се залечи пред да дојдам пред камерите, но добро, не е страшно, рече Џејн Фонда (80) завчера во американската емисија 'Build Series'. Актерката и фитнес инструкторка објасни дека фластерот на долната усна го има бидејќи лекарите и отстраниле тумор.
https://www.instagram.com/p/BdTYizOglJU/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_legacy
-Светот се распаѓа. Што е усната во споредба со тоа-рекла Фонда. Актерката се фотографирала со својата пријателка и колешка Лили Томлин (78) со која моментално ја промовира серијата 'Grace and Frankie' и прекривајќи ги усните со десна рака истакнала дека пронашла паметен начин да ги прекрие со фластер.
Добитничката на два Оскари во 2010 одела на лумпектомија поради рак на дојката кој лекарите и го откриле на рутински преглед. Се работи за операција на која се отстранува тумор, односно чвор на дојката како и дел од здравото ткиво кој го опкружува.
-Ракот беше неинванзивен и лекарите цел го отстранија. Имам многу среќа бидејќи рано го открија-ја открила Фонда тогаш среќната вест со фановите. Им се заблагодари на пријателите и обожавателите бидејќи цело време и биле поддршка. Актерката раскажала и дека со новата лузна не се чувствува поинаку.
Тоа беше добар тест бидејќи секогаш зборував дека не се плашам од смртта-објаснува фитнес тренерката. Додала дека имала среќа оти и се придружила на фамилијата од преживеани жени кои ја поминале истата ситуација како и таа и дека тоа било интересно „патување“.
-Знаете, во тој момент размислував дека ќе преживеам, а можеби и не-објаснила Фонда. Не се исплашив но се надевав дека нема да умрам-заклучила таа.
Фонда се разведе три пати, а првиот маж и бил филмскиот режисер Роџер Вадим (72) со кој ја доби ќерката Ванеса (46) која се занимава со истата работа како и нејзиниот татко. Познатата фитнес инструкторка во 1973 година се омажи за американскиот политичар Том Хајден, а шест месеци подоцна го добија синот Трој (44) кој стана актер. Двојката ја посвои и Афроамериканската Мери Луана Вилијамс (50) чии родители се членови на револуционерното здружение Црни пантери кои се борат за промени во општеството.
Последен нејзин сопруг беше телевизискиот тајкун и основач на СиЕнЕн Тед Тарнер (79) од кој се разведе во 2001. После него беше во врска со музичкиот продуцент Ричард Пери (75) со кој прекина минатата година.
https://www.instagram.com/p/TtzUFZoZxE/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_legacy
Фонда често истакнува дека сака да го поминува времето со семејството, а посебно со внуците Малком и Вива, кои се деца на нејзината ќерка Ванеса.