Шокантна сума: Александра Пријовиќ потрошила цело богатство на облека за концертите во Загреб - Еве кои светски дизајнери ја облекоа пејачката

Добивај вести на Viber

Српската пејачка Александра Пријовиќ пет вечери ја забавуваше публиката во загрепската Арена. Скапи костуми, фустани, високи потпетици, накит - пејачката се погрижи да изгледа беспрекорно за публиката во Хрватска.

Александра Пријовиќ пет вечери ги пееше своите хитови во преполната загребска Арена. Освен песни на репертоарот имаше забавни и интересни модни комбинации.

Пејачката не штедела на фустаните, па вкупната сума која ја потрошила за облека според српските медиуми изнесува 84.000 евра.

Само панталоните што ги носела на првиот концерт чинат речиси 2.000 евра, додека белата јакна е околу 2.300 евра.

Деколте, длабоки шлицови, кратки здолништа, кожени јакни - сето тоа го покажа на публиката во Хрватска, а не штедеше ниту на накит.

Пријовиќ заработила целото богатство за пет концерти во Хрватска, па се зборува за цифра од 2,5 милиони евра.

Александра Пријовиќ би можела да купи стан во Белград за парите кои ги вложила за нејзиниот изгледа за време на турнејата „Од исток до запад“, информира српски Телеграф.

Парчињата кои ги носела пејачката на концертите на официјалните бев-страници се со вртоглави цени. 

Важно е да се нагласи дека во оваа сума не е вклучена цената на фустаните што ги носела, а кои ги дизајнирла Тијана Тодоровиќ, жена која со години се занимава со стајлингот на Александра. Цената на нејзините фустани, кои пејачката ги носеше во Загреб, отприлика чинат од 3 до 5.000 евра.

Првата вечер пејачката носеше обетки Burberry со кристали во форма на бела рада, чија цена е 250 евра, сандали Giuseppe Zanotti 790 евра, а посебно внимание привлече моќната, кожена комбинација, од брендот Александар Меквин. Само здолништето е 5.420 евра, додека горниот дел 3.032 евра. Александра платила 1.437 евра за чизмите кои одлично се вклопиле во стајлингот.

Покрај кожената комбинација, Пријовиќ носеше и елегантен костум, исто така од Александар Меквин.

Сакото кое го истакна бујното деколте на Пријовиќ чини 1.919 евра, додека панталоните со голема машна чинат 1.890 евра.

Носеше и плишани чевли од Ив Сен Лоран од 945 евра.

Втората вечер носеше асиметрични сребрени обетки од Александар Меквин вредни неверојатни 959 евра и син кожен фустан и ракавици од истиот бренд. Цената на фустанот е 7.523 евра, а ракавиците 690 евра.

Истата вечер облече и јакна од Александар Меквин од 16.234 евра, панталони од 1.716 евра и плишани чевли од Ив Сен Лоран од 945 евра.

Третата вечер на сцената во загрепската арена се појави во кожени панталони од 4.590 евра, додека горниот дел е модно парче од брендот Александар Меквин кој чини 12.000 долари или 11.131 евра.

Мини блејзер црн фустан со кристали одбра пејачката за четвртиот концерт кој чини 12.470 евра, здолниште Версаче од 1.400 евра, кожена јакна од 3.700 евра и ремен Версаче од 851 евро.

Заедно со црниот фустан на Тијана Тодоровиќ, пејачката носеше обетки Oscar De La Renta во вид на диско топки со кристали од 315 евра.

За петтата вечер Пријовиќ облекла фустан чија цена на официјалната страница на брендот Версаче е 4.750 долари или 4.433 евра.

Чизмите биле од црна кожа со мотив „кроко“, а нивната цена е 2.025 долари, односно 1.890 евра.

Носела и ремен од истата модна куќа кој чини 550 долари или 513 евра.

Сè на сè, убедливо најскапата ноќ кога станува збор за тоа што облекла била - втората, бидејќи цифрата изнесува над 28.000 евра.

Со петте одржани концерти во Загреб, Александра Пријовиќ го постави рекордот на исполнување на загребската Арена. Во тој период во Арената продефилирале околу 90.000 луѓе.

Пријовиќ од продадените билети за пет концерти во Загреб заработила дури 2 милиони и 780.000 евра, пренесува хрватскиот веб- портал 24сата.

Фото: Инстаграм
Извор: www.telegraf.rs