Не е ботокс, тоа е нешто многу полошо: Бизарниот метод за подмладување на Том Круз предизвикува нагони за повраќање

Том Круз важеше за најпосакуваниот маж на светот. Денес има 60 години и користи бизарен метод на подмладување.

Том Круз беше тивкото страдање на жените ширум светот. Важеше за еден од најпосакуваните актери, а денес доживеа голема трансформација.

Имено, лицето на актерот изгледа многу отечено и искривено, а се верува дека за тоа се виновни бројните естетски зафати.

Актерот има 60 години, а според неговиот менаџер, тој е многу загрижен поради стареењето, и се труди максимално да го одржи младешкиот изглед. Меѓутоа, многу луѓе забележале дека нешто не е во ред со неговото лице, па почнале да кружат гласини дека претерува со инјекциите филери и ботокс.

За неговиот изглед коментираа дури и експерти од областа, поточно естетските хирурзи. Според нивното мислење, актерот претерано посетува ординации, а неговото ново појавување би можело да биде резултат на прекумерните вишок килограми, кои со инјекциите ботокс доаѓаат до израз. 

Том не криеше дека се грижи за својот изглед, а откри што користи кога е негата на лицето во прашање. Актерот призна дека користи маска направена од птичји измет за да го затегне лицето. Актерот изјавил дека неговата кожа никогаш не изгледала подобро и помазно од таа бизарна маска, а признал и дека плаќа многу за тоа.

Имено, станува збор за маска за лице која подразбира мешање на птичји измет со овесни трици и вода, а смесата се суши на лицето.

„Том не оди на инјекции или операции на ботокс, но посветува многу внимание на сите нови природни третмани, а резултатите беа фантастични“, изјавил близок извор на актерот и додал:

„Том не мисли дека маската од птици е чуден третман. Всушност, тој истакнува дека постојат многу полуди и поневообичаени методи за одржување на вашето лице младо“.

Покрај Круз, и Викторија и Дејвид Бекам го користат овој метод.


Фото: Профимедиа/pinterest