(ВИДЕО) САШО ГИГОВ ГИШ СО ПЕСНА ГО ПОДДРЖА РЕФЕРЕНДУМОТ

Популарниот македонски поет, есеист и естраден уметник, Сашо Гигов Гиш, денеска е топ-тема кај македонските твитерџии откако на јутјуб беше промовирана наменската песна за поддршка на референдумот во која и тој учествува. Познатиот уметник кој учествуваше во речиси сите поголеми кампањи на претходната владејачка гарнитура сега прифати да пее за европска Македонија.

Во музичкиот спот каде повеќе македонски пејачи и актери порачуваат дека е време за мудар избор, освен Гиш партиципираше и Владо Јаневски кој исто така претходно беше редовен избор на ВМРО ДПМНЕ за нивните собири. Во пректот се вклучени и сестрите Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска, Бени Шаќири, Виолета Томовска, Ѓоко Танески, поранешниот директор на МНТ, Драган Спасов-Дац, Дани, Викторија Лоба, надворешниот осветник на Владата, Бубо Каров, Дарио, Кристина Арнаудова, Александар Митевски..