10 години ја изневерувал сопругата со оваа манекенка: Кога дознала за аферата, сопругата завршила во болница

Оливер Драгојевиќ почина на 71-годишна возраст во Сплит. Познатиот пејач зад себе ги остави ужалената сопруга Весна со која беше во брак 44 години, синот Дино и близнаците Дамир и Давор.

Животот на пејачот Оливер Драгојевиќ беше полн со контроверзии. Публиката ја пленеше со своите романтични далматински шансони, а љубовниот живот му беше доста бурен, иако се трудеше да го задржи имиџот на примерен семеен човек.


Малку позната приказна за големиот уметник се однесува на неговиот интимен живот, кога бракот за малку ќе му се распаднеше, откако во јавноста протече приказната за неговата врска со поранешната манекенка Бранка Мариќ Мути.


- Во текот на сите тие години често завршував во Итна помош поради стрес и нервоза. Долго време се обидував да сфатам зошто Оливер се сврте кон друга жена, но на крајот сфатив дека се работи за неговата незрелост и несигурност – изјавила тогаш Весна.

Поранешната манекенка Бранка Мариќ Мути јавно призна дека е во долга врска со него. Двајцата одржуваа интимни односи во текот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите, а колку е сериозна аферата покажува фактот што Драгојевиќ сакал да ја остави сопругата Весна поради Бранка.

- Никогаш не сакав да зборувам за мојот живот надвор од сцената, но поради сплет на чудни и неморални околности се најдов во центарот на скандал што го приредија други. Мојата интимност е првенствено моја работа и сè што треба да се направи ќе решам во моите четири ѕида и со оние кои се загрижени, а збунетите луѓе ќе останат гладни за сензација - изјави тогаш Оливер.


Инаку, по смртта на Оливер, Весна во сочувствителна изјава опиша каков бил нејзиниот живот со него.

- Не го сакав џезот, а Оливер го сакаше џезот. Еднаш му реков: „Те молам објасни ми што е џез, како се свири, ми се чини дека погрешно го свират...“. Само ми рече дека е најдобро воопшто да не зборуваме за тоа. Се интересираше за некои други работи, медицина, психологија и двајцата не зборувавме многу за музика - рече Весна.

Тажната информација што ја изнесе Весна е дека и биле потребни 10 години да ја преболи измамата на Оливер.


Фото: Фејсбук - Youtube -screenshoot

Видео: Youtube

Можеби ќе ве интересира:

За Македонија и за несудениот дует со Тоше: Вака зборуваше Оливер Драгојевиќ за животот