15 прекрасни години со мојата убавица: Ѓоко Јовиќ за годишнината ѝ посвети емотивни зборови на сопругата (ФОТО)

Познатиот македонски фолк пејач славеше годишнината со неговата сопруга Ивана...

Ѓоко Јовиќ, познатиот фолк пејач повеќе од една деценија е во хармоничен брак со неговата сопруга Ивана, а како доказ за тоа се и семејните фотографии кои пејачот често ги споделува на социјалните мрежи.

Пред неколку дена прославуваа 15 години од нивната љубов, а по тој повод, фолк пејачот ѝ посвети емотивни зборови на неговата убавица, како што и ја нарекува сопруга.

„15 прекрасни години со мојата убавица, која ми ги подари моите 4 ангелчиња. Среќна годишнина љубов моја“ - напиша Јовиќ покрај фотографијата на која позира со неговото семејство.


Инаку, Ѓоко и Ивана како плод на нивната љубов имаат четири деца - три сина и една ќерка. 

фото: Фејсбук