17 години не се потстрижувала, косата ѝ е подолга од 2 метри! Половина од денот го поминува во миење и сушење: „Ме боли главата“

Добивај вести на Viber

Девојка ја расте косата речиси две децении и открива колку ѝ е тешко да ги извршува секојдневните активности.

За подобро да ја претстави јапонската култура, како симбол на јапонските принцези, Рин Камба од Токио решила да не ја потстрижува косата цели 17 години. Таа е висока 165 сантиметри, а нејзината коса е долга два метри и десет сантиметри.

Рин признава дека должината на косата често ѝ задава главоболки и ѝ го отежнува функционирањето во секојдневните активности.

View this post on Instagram

A post shared by Rin Rapunzel  (@rin_rapunzel)


Како што вели, ѝ требаат три часа за само едно миење, додека два се резервирани за сушење. На својот Инстаграм таа редовно објавува фотографии на кои косата ѝ е во преден план, а нема сомнеж дека нејзината фризура е нејзин заштитен знак.


„Ако го пуштам, имам проблеми со речиси сè што правам. Лесно се сопнувам, тешко ми е да одам во тоалет и да се пресоблечам. Кога косата ми е пуштена, не сакам да ја напуштам куќата“, истакнува Рин.


Иако тоа ѝ задава многу проблеми, Рин сака косата да ѝ биде уште подолга. Таа ужива во изненадувачките реакции на луѓето кои не можат да го сокријат тоа кога ќе слушнат дека нејзината коса е вистинска.

View this post on Instagram

A post shared by Rin Rapunzel  (@rin_rapunzel)


„Кога ќе се разбудам наутро, ми требаат помалку од десет минути за да ја исчеткам и стилизирам косата бидејќи развив рутина за стилизирање со текот на годините. Понекогаш, кога сум навистина во брзање, можам да го направам тоа во пет минути. Всушност воопшто не е толку тешко за одржување, само косата и темите изгледаат тешки“, објасни Рин, истакнувајќи дека никогаш нема да ја скрати косата бидејќи не може да се замисли на друг начин.


Фото: Инстаграм