2 пати го победи ракот и ги отстрани двете гради, а сите ја паметат по чуден детаљ: Анастасија на 53 -годишна возраст е непрепознатлива

Таа беше голема sвезда во деведесеттите години, а потоа се повлече поради болест. Пејачката Анастасија го промени својот изглед и ги воодушени сите

Анастасија, пејачката која во медиумите беше прогласена и за „мала дама со голем глас“, прошета на црвениот тепих на овогодинешниот 78 -ми филмски фестивал во Венеција и може да се каже дека ги остави сите без здив.

Кога се појави на музичката сцена кон крајот на 1990 -тите, оваа русокоса пејачка, висока само 157 см, се истакна со својот моќен вокал, провокативен стајлинг и енергични песни.

Таа се повлече од музичката сцена во екот на нејзината кариера во 2003 година, кога и беше дијагностициран рак на дојка. По тригодишна борба, таа ја надмина злобната болест, барем за некое време. На почетокот на 2013 година, таа беше принудена да ја откаже европската турнеја - ракот се врати.

Овој пат борбата траеше пократко и Анастасија повторно го победи ракот. Плашејќи се дека може повторно да се врати, по трет пат, русокосата пејачка се одлучи на храбар потег - имаше двојна мастектомија, односно ги отстрани двете гради. Иако се врати на музиката, ретко ја гледавме во јавност. Очилата, нејзиниот заштитен знак, беа целосно отфрлени по операцијата во 2005 година, а енергичната музичка дива се претвори во нежна русокоса. 

Денес, на 53 -годишна возраст, Анастасија не е како музичката sвезда која носеше кожени панталони, кратки топови и ги охрабруваше жените во песнaта „I'm Outta Love“. А, фотографиите од Венеција го докажуваат тоа. 

Пејачката прошета на црвениот тепих во прекрасна, женска креација и ги воодушеви не само модните критичари, туку и посетителите на Фестивалот. Едноставна фризура, коса собрана во спуштена опашка и ефективен накит ја истакна убавината на оваа пејачка, која позираше со славниот британски актер Џонатан Рис Мејерс на премиерата на италијанскиот филм „Freaks Out“.


Фото: Profimedia

Тој е еден од ретките кои Барбра Стрејсенд ги завела со искреноста: Парот годинава слави 20 години брак