20 години го барала вистинскиот татко, а мајка ѝ Зора криела од неа: Кога конечно го нашла, било предоцна

Денес 40-годишната Луис Стопани, поминала 20 години во потрага по својот вистински татко откако дознала дека човекот што го нарекувала нејзин татко не е нејзиниот биолошки татко. Додека Луис не наполни седум години, таа верувала дека Џон ѝ е вистински татко, но тој всушност ѝ бил очув. Сега мајка на две деца и со трето на пат, Луис се сеќава кога ја дознала вистината.

Џон, кого од раѓање го нарекувала татко, всушност е биолошки татко на нејзината сестра, но не и нејзин. Имено, мајката на Луис забременила на 16 години, со тогашниот дечко Пол, но тие двајца не останале заедно.

„Почувствував дека мојот свет се распадна и дека не припаѓам никаде кога дознав дека Џон е татко на мојата сестра, но не и мој“, рече Луис. Се чувствував непожелно, иако мајка ми и Џон рекоа дека ме сакаат исто како сестра ми. Се сеќавам дека цело време мислев: „Имам друг татко, но каде е тој сега?“ 

Кога ѝ рекле деца личи многу на вистинскиот татко, тогаш решила дека сака да го запознае, а мајка ѝ Зора ја поддржувала во секој чекор.

Таа наводно контактирала со Армијата за спас, пребарувала телефонски именици, го испрашувала семејството и испраќала пораки до секој Пол Стивенстон што можела да го најде, но немала среќа. Дури кога се појавила на британската телевизија во емисијата „Одамна изгубено семејство“, открила уште еден дел од своето семејство, вклучувајќи ги и двете сестри на нејзиниот татко. Тим на истражувачи влегле во трага на нејзиниот татко, но за жал, тој починал на 28-годишна возраст поради наркотици. А Луис рече: „Ми го скрши срцето. Но, добив фотографија од него - првата што ја гледам од него. Тоа беше момент што го чекав од својата седма година“.

Фотографијата постојано ја носи во чантата, а сите забележале дека има насмевка на лицето како татко ѝ. Луис и нејзините тетки Шерон и Мишел останале во контакт, па дури ѝ дале сладок подарок за нејзиниот 40-ти роденден - медалјон во кој има фотографија од нејзиниот татко Пол, а Луис рече дека сега нејзината душа е на свое место.

извор:zena.blic