3 најдобри посни салати за слава: Нема покремасти и повкусни, секоја се прави за помалку од 10 минути
Полека се наближуваат едни од попознатите слави.
Ви носиме 3 од најдобрите посни салати за слава, кои се подготвени за час.
Рецепт за посна салата од мимоза
Доколку постите или славите посна слава, а сте еден од фаворитите на салатата Мимоза, не грижете се. Салатата мимоза може да се подготви и како брза храна и да биде незаменлива на вашата трпеза, на денот на вашата прослава или за време на постот. За многу кратко време ќе добиете посна салата Мимоза која има извонреден вкус.
Состојки:
-2 големи варени компири
-300 гр посен мајонез
-3 варени моркови
-1 шака сечкан праз
-300 гр зелка
-1 чешне лук
-оцет
-сол
-бибер
-масло
Подготовка: Подгответе три чинии, бидејќи треба да направите три дела од салатата. Во првиот сад исечете ги компирите на коцки, празот на мали прстени и сето тоа измешајте го и зачинете со оцет, масло, сол и бибер. Потоа земете уште еден сад во кој ќе го исецкате и изгмечите лукот, исечете го морковот на кругови и сето тоа зачинете го со сол и масло. За третиот сад подгответе свежа зелка како салата и задолжително додајте сол и оцет.
На самиот крај земете голем сад и изрендајте ги компирите, 100 гр посен мајонез, моркови, потоа повторно 100 гр мајонез, зелка и на крајот уште 100 гр мајонез.
Крем салата од риба и зеленчук
Кремастата салата од риба се подготвува многу едноставно, а бидејќи содржи и зеленчук, полна е со витамини. Може да се служи како предјадење, но и да го замени главниот оброк.
Состојки:
-2 лименки сардина во масло од 125гр
-150 гр варени моркови
-150 гр варен грашок
-150 гр варена слатка пченка
-40 гр праз
-сол и црн пипер
-200 гр посен мајонез
Подготовка: Изрендајте го морковот (поголем), празот ситно исечкајте го и исцедете го маслото од сардината. Сите состојки добро измешајте ги во поголем сад и зачинете по вкус (сол, бибер). Потоа додадете мајонез и соединете. По подготовката се става во фрижидер да се излади.
Салата со тестенини и сусам
Состојки:
-200 гр тестенини
-150 гр посен мајонез
-1 кафена лажичка сенф
-150 гр слатка пченка
-200 гр карфиол
-1 голема црвена пиперка
-1 пиперка од туршија
-1 мал црвен кромид
-2 лажици сусам
-2 супени лажици семки од сончоглед
-180 гр туна
Подготовка: Сварете ги тестенините, излупете го карфиолот. Во тавче потпечете ги сусамот и семките од сончоглед додека не поруменат. Изладете сè добро.
Во тестенините додадете сечкана пиперка и кромид, мајонез, сенф, пченка, карфиол, сусам и сончоглед, а потоа и туната што сте ја исцедиле од маснотиите. Измешајте сè добро и изладете.
Foto: Printscreen Youtube